Илон Маск стана четвртата најбогата личност во светот

71

Илон Маск стана четвртата најбогата личност во светот, со богатство од дури 90 милијарди долари. Во понеделникот акциите на Tesla скокнаа за повеќе од 11%, сто тоа зголемувајќи ја нето-вредноста на технолошката компанија за речиси осум милијарди долари.

На индексот на милијардери на Bloomberg по нето-вредноста на богатството од 90,3 милијарди долари пред Илон Маск се наоѓаат само извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, косновачот на Microsoft, Бил Гејтс и извршниот директор на Amazon, Џеф Безос.

Голем дел од нето-вредноста на Маск е врзан за производителот на електрични автомобили Tesla, чии акции годинава ја покачија вредноста за друи 300%. Производителот на автомобили остана профитабилен во последните два квартали и покрај влијанието на корона вирусот и глобалната криза. Имено, Tesla продаде повеќе од 179.000 автомобили во текот на првата половина од годинава.

Фото: Facebook