Им ги матат плановите на Русите – и Американците заинтересирани за ИНА?

22

inaАмериканците ќе се вмешаат во развојот на ситуацијата околу хрватската нафтена компанија ИНА и на високо ниво ќе се разговара за можна продажба на оваа компанија на американски партнери, пишува Вечерњи лист.

Познато е дека Американците се заинтересирани за истражување на Јадранот во потрага по нафта и гас, поточно интерес за влез и инвестиции во Хрватска во оваа област наводно веќе искажала Exxon Mobile, но моментот дека се заинтересирани за купување на удели во ИНА е нов. Упатените сметаат дека Американците ќе се обидат да ја разубедат хрватската влада од продажба на уделот на руски компании за да го намали руското влијание во регионот.

Веќе подолго време се зборува дека Русите сакаат да го купат уделот од 49% што МОЛ го има во ИНА, доколку Унгарците се одлучат да ги дадат на продажба, како што најавија во неколку наврати.

Претходно Вечерњи лист пишуваше дека рускиот нафтен гигант Роснефт го разгледува преземањето на ИНА, но и на удели во словенечки Петрол. Според руските процени, заедно ИНА и Петрол би имале доминантно влијание врз малопродажните пазари на Хрватска и Словенија, сериозна позиција во БиХ и позиција за понатамошен развој во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. На големопродажниот пазар, компанијата би тргнала во развој кон запад и би станала сериозна конкуренција на пазарите на јужна Австрија, Унгарија, а подоцна и северна Италија.