Има ли крај на растот на богатството на Безос?

184

Сопственикот на Amazon, Џеф Безос, за еден ден на своето богатство си додаде уште “само“ 13 милијарди долари, јавува Bloomberg.

Сега, според Bloomberg Billionaires Index, Безос сега има богатство што се проценува на 189,3 милијарди долари. Додека американската економија се бори со последиците што ги остава пандемијата предизвикани од коронавирусот, основачот на најголемата онлајн продавница успеа да заработи 74 милијарди долари од почетокот на годината.

Во рацете на Безос е рекордот со најголема заработка во еден ден, откако е стартуван Bloomberg Billionaire Index во 2012 година.

Безос го основаше Amazon во 1995 година, а денес го има приматот на една од “највредните и најмоќни компании на планетата“.

Business Insider предвидува дека Безос би станал првиот трилионер до 2026 година.