Имате онлајн продавница? Тогаш добро е да имате и блог

303

Доколку сте сопственик на онлајн продавница или имате бизнис што се занимава со онлајн продажба, блогот може да му даде дополнителна вредност. Секоја онлајн продавница, на долг рок, мора да профитира од водење на блог, пишува Marketingmreza.rs.

Иако главната цел на онлајн продавницата е зголемување на продажбата и привлекување повеќе внимание кон производите што се нудат, постојат повеќе причини зошто додавањето на блог е корисно за овој вид на интернет страници.

Блогот прави да бидете експерт во вашата дејност

Многу онлајн продавници ги користат своите блогови за да може да се брендираат како водечки експерти во својата дејност. На блогот може да напишете корисни совети за целната публика, а што ќе бидат поврзани со користење на производите што ги нудите на продажба.

Вклучете ги вашите клиенти

Блогот може да биде совршено место на коешто свој збор ќе имаат и вашите задоволни потрошувачи. Па така, ако нудите некаков производ, од лојалните купувачи може да побарате да посведочи за своето искуство со неговото користење, да сподели слики каква била ситуацијата пред и потоа и на тој начин да придобиете нови  клиенти.

Блогот како место за најава и промоција

Многу сопственици на онлајн продавници користат мејл маркетинг кога имаат нешто важно да објават и споделат. Многу информации поврзани со воведување нови производи, акции, сезонски намаленија и слично, може да си најдат свое место на блогот. Таму клиентите ќе може да се информираат за сите новитети што сакате да ги споделите.

Блогот креира онлајн заедница

Многу блогови им дозволуваат на посетителите и клиентите да оставаат коментари. Тоа на клиентите им дава чувство дека се вреднува нивниот збор и дека се дел од онлајн заедницата. Исто како и на социјалните мрежи, ако дозволите коментари на блогот, потребно е уредно и ажурно да одговарате.

Блогот има потенцијал да стане вирален

Објавите на блогот треба да имаат опција да се споделуваат на социјалните мрежи или да се испратат преку мејл. Можноста за лесно споделување на објавите од блогот имаат потенцијал да станат вирални, без оглед на тоа која е содржината на објавата.

Фото: Freepik