Имате потреба од кредит, но сте невработени?!

4705

Голем е бројот на семејства коишто “дупките“ во семејниот буџет ги крпат со кредити. Но, што се случува ако имате потреба од кредит, но сте невработени или работите само некоја хонорарна работа? Банките се прилично строги кога станува збор за условите што треба да ги исполнат корисниците на кредитот, а меѓу нив е – кредитокорисникот да биде во редовен работен однос (за некои кредити, како услов е и кредитокорисникот да зема плата во дотичната банка).

Едно од решенијата е да “повикате пријател“, односно ако имате некој близок кој работи, кој нема друг кредит или сака да ви излезе во пресрет. Може тоа да ви биде близок член од семејството, роднина или пријател, кој ќе го подигне кредитот, а вие ќе му ги исплаќате парите согласно динамика што заеднички ќе ја договорите.

Ако имате родители, кои се пензионери, во тој случај може да побарате од нив да побараат кредит, бидејќи банките имаат посебни понуди за овој вид граѓани.

Доколку имате заштеда, одреден износ на готовина или на сметка во банка, тогаш може да ја разгледате понудата на банките, бидејќи некои од нив нудат кредити врз основа на залог на депозит. Во овој случај, банката го одобрува кредитот што како обезбедување има одреден депозит, па корисникот на кредитот нема обврска да биде во редовен работен однос. Исто така, некои од банките нудат и кредити со жиранти или меница, во зависност и од износот, каматата и други услови.

Фото: Pixabay