Именуван нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

55

Од НЛБ Банка известуваат на ден 23.10.2020 година, Хедвика Усеник, член на Надзорниот одбор и Претседател на Одборот за ревизија поднесе оставка во која е наведено дека ќе продолжи да ги извршува функциите во овие одбори сè до издавање на претходна согласност од страна на Народната банка на Република Северна Македонија за кандидатот за член на Надзорниот одбор Борут Вујчич.

На 11.03.2021 година Народната банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност со која Борут Вујчич е именуван за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.