Имлек доби согласност да ја купи Нишка млекара

99

imlek niska mlekara

Комисијата за заштита на конкуренција на Србија ѝ даде одобрение на млекарницата Имлек да стане 100% сопственик на Нишка млекара, пишува Бета.

Индустријата за млеко и млечни производи Имлек од Падинска Скела, Белград, на крајот на октомври минатата година потпиша Договор за купување на Нишка млекара, којашто е една од најголемите во јужна Србија. За таа концентрација беше потребно одобрение од Комисијата за заштита на конкуренција, којашто на први март оваа година ја дала својата согласност.

Од Имлек велат дека планираат зголемување на производството на Нишка млекара и сакаат да го унапредат препознатливиот бренд Vedro.

Имлек е застапен во Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а откупува млеко од 3.800 производители. Дел е од групата Мои брендови, каде што се наоѓаат компаниите Бамби и Књаз Милош, чиј сопственик е инвестицискиот фонд Mid Europa partners.

Нишка млекара е една од петте најголеми млекарници во Србија, а млеко откупуваат од околу 20.000 селски домаќинства.