Империјата на Бафет има повеќе пари од Apple, Microsoft и Alphabet заедно

На Волстрит, вообичаена мерка за моќ е колку пари има компанијата на својата сметка. А компанијата на Ворен Бафет, Беркшир Хатавеј, има дури 382 милијарди долари. Тоа, пишува Аксиос, е повеќе од Apple, Microsoft и Alphabet заедно.

Оваа бројка не само што ги надминува сите претходни рекорди, туку и паричните резерви на трите најголеми технолошки фирми заедно. А тоа значи дека наследникот на Бафет, Грег Ејбл, кој ќе ја преземе функцијата во 2026 година, ќе има огромна количина пари на располагање за идни аквизиции и инвестиции.

За разлика од технолошките гиганти кои планираат да потрошат милијарди долари на инфраструктура за вештачка интелигенција – главно преку долгови – Беркшир Хатавеј се држи до својата конзервативна политика и чека на вистинскиот момент.

„Бафет е очигледно згрозен од моменталните пазарни проценки“, проценува Џонатан Овен од „Твенти Фор Асет Менаџмент“. „Во исто време, расте отпорот кон плановите за огромни инвестиции во вештачката интелигенција“, додаде тој.

Во свет кој ги величи  големите трошења и инвестирање, „Беркшир Хатавеј“ покажува дека вистинската моќ лежи во трпението и ликвидноста. Додека другите брзаат да трошат, империјата на Бафет знае дека парите – кога се користат во вистинско време – можат да вредат многу повеќе од кој било футуристички проект.