Ин пошта – нова услуга на Ин такси

100

in taxi

Националната такси компанија Ин такси ја воведе услугата Ин пошта како практично решение за потребите и на граѓаните, но многу повеќе на бизнис заедницата.

“На барање на нашите клиенти од бизнис заедницата, се одлучивме за ваков иновативен и современ чекор за кој сме сигурни дека ќе придонесе за подобрување, но во исто време и за олеснување на работата на нивниот бизнис“, изјави Оливер Никушев, генерален менаџер на Ин такси.

Ваквиот потег, кој се темели на одличен концепт и детално разработен план и програма за неговото функционирање претставува олеснителна околност за секој бизнис, со тоа што гарантира брзо и безбедно пренесување на различни видови пратки. Испораката се извршува за само еден ден, функционира во сите градови на Македонија преку партнерите на такси компанијата, а единствениот услов кој треба да го исполни е да не биде потешка од 10 килограми.

Курирската служба – Ин пошта е дел од бизнис плановите кои компанијата ги има предвидено за оваа година. Пред само неколку месеци, Ин такси формираше свои подружници во неколку поголеми градови низ Македонија, кога и официјално го најави овој проект. За во иднина ветуваат уште многу новитети кои ќе имаат за цел да ги задоволат и најспецифичните барања на граѓаните.