Ин Такси анкета: 65% возачи под дејство на алкохол би си заминале дома со такси

33

Дури 65% од возачите кои биле во алкохолизирана состојба ги оставиле своите автомобили и дома се вратиле со такси превоз. Ова е резултат од досегашната кампањата на такси компанијата Ин Такси за избегнување на возење автомобил во алкохолизирана состојба.

“Идејата за да спроведеме една ваква кампања се роди од фрапантните и поразителни податоци дека само во 2011 година имало 160 случаи каде причините за сообраќајни незгоди биле управување под дејство на алкохол. Тоа покажува дека еден од најголемите проблеми е што возачите седнуваат зад волан во алкохолизирана состојба. Нашата кампања е насочена на таргетирање на овие возачи и давање на опција – враќање дома со такси превоз“, изјави Оливер Никушев, директор на Ин Такси.

Патроли на Ин Такси одеа низ локали, ресторани и ноќни клубови во Скопје каде беа тестирани лица за нивото на алкохол во крвта. Доколку „дрегерот” покажува присуство повеќе од 0,5 промили на алкохол во крвта, што е над законски дозволената граница, се даваа вредносни ваучери за користење на такси превоз. Ваучерот вклучуваше повик на такси од било која локација во Скопје, кое безбедно ќе ги однесе до нивната дестинација.

“Одличните резултати на кампањата и подигањето за свесност за проблемот е основното за продолжување на кампањата. Имаме веќе и позитивни реакции од граѓани и државни институции за целата кампања, а тоа значи дека треба многу малку да се подигне нивото на свесност“, додаде Никушев.

Ин Такси во следниот период ќе продолжи со своите „контроли“ во локалите низ Скопје и останатите градови.