Индекси на бројот на работниците во индустријата за август

23

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.3.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1,9 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5,7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,3 %, Капитални производи за 21,5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 % и кај Енергија за 0,4 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година, изнесува 107.2.