Индекси на цените во земјоделството за август

22

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 8,2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 0,1 %.

Во август 2018 година, во споредба со август 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 108.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.

Во делот аутпут, во август 2018 година, во споредба со август 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.6.