Индекси на индустриското производство за април

23

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 101.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2018 година, во однос на април 2017 година, бележи опаѓање од 5,5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,9 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во по следните оддели: Производство на текстил, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во април 2018 година, во однос на април 2017 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 6,9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5,5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,6 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2018 година, во однос на периодот јануари – април 2017 година, изнесува 104.2.