Индекси на индустриското производство за август

16

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 102.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 1,9 %, Капитални производи за 8,3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година, изнесува 105.1.