Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

17

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се повисоки за 0,5 % на месечно ниво, а се пониски за 0,2 % на годишно ниво.

Во април 2018, во споредба со март годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Интермедијарни производи, освен енегија за 1,0 %, Енергија за 0,6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 %, Капитални производи за 0,3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 %.

Во април 2018, во споредба со април 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 6,9 %.