
Фото: Pixabay
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2018 година се пониски за 0,3 % на месечно ниво, а за 0,8 % на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во јуни годинава споредено со мај, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 0,6 %, Капитални производи за 0,3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 %.
Што се однесува до споредбата на годишно ниво, во јуни 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 7,3 % и Капитални производи 0,6 %.












