Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни

23

ind

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,1% на месечно ниво, односно за 0,5% на годишно ниво.

Во јуни 2017, во споредба со мај 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0,7%, Енергија за 0,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2%, додека во групите Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во јуни 2017, во споредба со јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 1,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2%.