Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај

14

industrija-580x387

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), во мај 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,1% на месечно ниво, односно за 0,7% на годишно ниво.
Во мај 2017, во споредба со април 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0,4% и Енергија за 0,1%, додека во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во мај 2017, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 1,6%, Енергија за 0,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.