Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи за јули

12

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски за 0,5 % на месечно ниво, а се повисоки за 1,1 % на годишно ниво.

Во јули 2018, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, остануваат на исто ниво во секторот Рударство и вадење на камен, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 %.

Во јули 2018, во споредба со јули 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,9 % и во секторот Преработувачка индустрија за 1,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 3,3 %.