Индекси на прометот во индустријата за месец јуни

17

Индексот на прометот во индустријата во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 111.2, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар, во јуни 2015, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 9,4%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,7%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 21,9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,8%.
Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 27,4%, Капитални производи за 11,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 23,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 96,0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4%.
Индексот на прометот во индустријата во јуни 2015 година, во однос на мај 2015 година, изнесува 110.1, додека во периодот јануари – јуни 2015 година, во однос на периодот јануари – јуни 2014 година, изнесува 108.8.