Индекси на работниците во индустријата

14

Индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, изнесува 101.3, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи опаѓање од 2,8%, а бележи пораст во секторот Преработувачка индустрија од 1,6%, и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7%, Капитални производи за 19,0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2015 година, во однос на периодот јануари – јули 2014 година, изнесува 101.9