Индекси на трошоците на живот според COICOP

11

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2013, во однос на август 2013, изнесува 100.2, а во однос на септември 2012 изнесува 101.6.

Споредено по главни групи, според намената на потрошувачката, во септември 2013, во однос на август 2013, пораст на индексите е забележан во групите Здравје за 6,4%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 1,2%, Транспорт за 0,9%, Рекреација и култура за 0,7%, Алкохолни пијалаци, тутун и Облека и обувки за 0,4%, Останати стоки и услуги за 0,3%, Комуникации и Ресторани и хотели за 0,1%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,8% и Храна и безалкохолни пијалаци за 0,7%.

На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Образование.