Индексите на Волстрит паднаа, цената на златото порасна

Индексите на берзата во Њујорк го завршија вчера тргувањето во минус. Падот доаѓа откако американската централна банка, Федералните резерви не ги променија каматните стапки, но навестија дека сепак може да ги зголеми оваа година, пренесува француската новинска агенција АФП.

Индексот Dow Jones го заврши тргувањето на 34.440,88 поени, што е за 0,22 отсто помалку од вторникот. Индексот на 500-те најголеми американски компании S&P 500 е формиран на вредност од 4402,20 поени, што е за 0,94 отсто под почетната точка. Технолошкиот индекс Nasdaq загуби 1,53 отсто и го затвори тргувањето на 13.469,13 поени.

Сепак, цената на златото порасна, поскапувајќи се за 0,20 долари или 0,01 отсто, на 1.953,60 долари за унца од 31,1 грама.