Индексите на Wall Street пораснаа втор ден по ред

19

На Wall Street, берзанските индекси нагло се зголемија втор ден по ред во вторникот,  благодарение на скокот на цените на акциите во технолошкиот сектор и очекувањето на нови фискални стимуланси за економијата.

Dow Jones зајакна 475 поени или 1,57% на 30 687 поени, додека S&P 500 скокна 1,39%, на 3.826 поени, а индексот Nasdaq 1,56%, на 13.612 поени.

Откако потонаa повеќе од 3% минатата недела, во првите два дена од оваа недела, овие индекси ја надополнија скоро целата загуба.

Фото: Facebook