Индексoт на бројот на работници во индустријата во август изнесува 101.6

36

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2013 година во однос на август 2012 година изнесува 101.6.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст од 8,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,5%, Капитални производи за 0,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-август 2013 година, во однос на периодот јануари-август 2012 година, изнесува 100.7.