Indiegogo повеќе не може да поддржува кампањи од Хрватска

31

Познатата crowdfunding платформа Indiegogo повеќе не дава поддршка за кампањи од Хрватска. Како причина за тоа, тамошните медиуми, наведуваат дека Indiegogo го промени партнерот за платни услуги.

Станува збор за американската компанија Stripe, којашто не поддржува банкарски сметки отворени надвор од границите на САД, Велика Британија, Канада и уште 18 земји, поголемиот дел од западна Европа.

Заради таа причина, Indiegogo на сите потенцијални заинтересирани стартапи за почнување на кампања ги советува преку Stripe Atlas да отворат компанија и банкарска сметка во САД и така да можат да отворат кампања на нивната платформа.

Фото: Facebook