Индија: Бесплатен телевизор за секој интернет приклучок

29

Најбогатиот човек во Индија за секој што ќе се претплати на новите услуги на неговата мобилна мрежа Reliance Jio нуди HD телевизори.

Милијардерот Мукеш Амбани ќе ги дава бесплатните телевизори за секоја годишна претплата од 217 долари, а во пакетот ќе бидат вклучени и услугите Amazon Prime Video како и Netflix.

Амбани наследи најголем дел од империјата Reliance Industries, којашто беше создадена од неговиот татко. Започна како бизнис со текстил, но прерасна во еден од најголемите конгломерати во Индија за енергија, продажба и телекомуникации.

Од 2002 година, тој раководи со бизнисот заедно со неговиот брат Анил, пишува Reliance Industries, којшто моментално вреди околу 108 милијарди долари.

Jio брои околу 340 милиони корисници и е втор по големина оператор веднаш по Vodafone-Idea.

Фото: Facebook