Индија: Фабрика ќе произведува по еден електричен тротинет на две секунди

71

Основачот на индиската компанија Ola Electric инвестира 330 милиони долари за изградба на фабрика што ќе има капацитет да произведе капацитет од два милиони електрични тротинети годишно, пренесува Bloomberg.

Бавиш Агарвал очекува неговата фабрика да биде готова за 12 недели. Неговата компанија инвестира на пазарот на електрични возила, на коишто веќе доминираат имиња, како што се американска Tesla и кинеска Nio, иако на почетокот ќе понудат возило на две тркала.

Доколку сè оди по планот, неговата компанија сака да произведе 10 милиони возила годишно, односно 15% од светското производство на електрични тротинети. Таквото производство ќе значи дека во фабриката на Агарвал ќе се произведува по еден тротинет на две секунди.

Електричните тротинети и мотоцикли што имаат ниска емисија на штетни гасови претставуваат сè попопуларен начин на транспорт во поголемите градови во Индија, од кои 21 град е меѓу 30-те најзагадени во светот во 2019 година.

Фото: Pexels