Индија ги очекува првите 6G мрежи до крајот на деценијата

44

Индиската влада очекува првично распоредување на 6G мрежи до крајот на деценијата, објави локалниот весник Business Standard, цитирајќи го премиерот Нарендра Моди. Според премиерот, веќе е започната работа за постигнување на оваа цел. Со ова, земјава е рангирана меѓу земјите со најсилни амбиции за ставање во функција на идната, се уште нестандардизирана генерација на телеком мрежи, која се очекува да биде пуштена на пазарот до 2030 година.

И покрај храбрата изјава, Индија допрва треба да распореди 5G мрежи низ целата земја. Нејзината локална телекомуникациска индустрија собира сила за долгоочекуваниот тендер за фреквенцискиот спектар, закажан за оваа година.

Говорејќи на настан во телекомуникацискиот регулатор TRAI, Моди рече дека распоредувањето на 5G мрежите во Индија се проценува дека ќе генерира 450 милијарди долари за локалната економија. „Ова не само што ја зголемува брзината на интернетот, туку и темпото на развој и отворање работни места“, рече Моди, додавајќи дека 5G технологијата ќе го зголеми и растот во земјоделството, здравството, образованието, инфраструктурата и логистиката.

За мрежите од шестата генерација интензивно се зборува од почетокот на 2021 година. Јапонија, Финска и Јужна Кореја се меѓу земјите кои најмногу работат на развој на технологија, прототипови, развој на стандарди.

Apple, Intel, Samsung, LG се меѓу компаниите кои направија официјална најава за лидерство во развојот на новиот комуникациски систем.