Индија најголем извозник на ориз во светот

208

Минатата година Индија од извоз на ориз инкасираше над седум милијарди долари, што е скоро 30% од светскиот извоз на оваа житарка. Втор на листата се најде Тајланд со извезен ориз во висина од 5,6 милијарди долари, додека на трето место се најде Виетнам со извоз од две милијарди долари.

Во првите 10 земји извозници на ориз се најдоа и: Пакистан (две милијарди долари), САД (1,7 милијарди долари), Кина (887 милиони долари), Италија (614 милиони долари), Бразил (467 милиони долари), Уругвај (400 милиони долари) и Камбоџа (375 милиони долари).

Грција е 24-та во светски рамки со извоз на ориз во висина од 63 милиони долари, Бугарија е 10 места подолу со извоз од 28 милиони долари. Словенија минатата година извезе ориз во вредност од девет милиони долари, додека Македонија е 54-та во светски рамки со извоз на ориз во висина од 3,6 милиони долари. На 83-та позиција е Србија со извоз од 379.000 долари.