Индија со закон ќе ги забранува криптовалутите

35

Властите во Индија предлагаат закон со којшто ќе се забранат криптовалутите, а ќе биде казнет секој кој ќе тргува или само ќе поседува таков дигитален имот. Тоа би било голем удар за милиони инвeститори во земјата. Нацрт законот, којшто е еден од најстрогите во светот досега предложени, забранува поседување, издавање, рударење и пренос на крипто имот, пренесува Ројтерс.

Предлог законот е во рамки на плановите на владата којашто побара забрана на приватни виртуелни валути како што е биткоинот, додека во исто време го подготвува теренот за официјална сопствена валута.

Новото законско решение им дава рок од шест месеци на сопствениците на криптовалути да се ослободат од нив, а доколку не го сторат тоа ќе се соочат со казни.

Доколку се донесе овој закон, Индија ќе биде прва поголема земја во светот што нема да дозволи управување и тргување со криптовалути.

Фото: Pexels