Индија станува втор најголем производител на вакцини

30

Индија полека се пробива на патот да стане втор најголем светски производител на вакцини, анализира консултантската компанија Deloitte.

Оваа земја уште пред пандемијата произведувала 60% од вакцините во светот, така што има доволно капацитети и стручен кадар да се впушти во масовно производство на вакцини против коронавирусот и тоа подостапни цени од многу други играчи на пазарот.

Затоа, според анализата на Deloitte, Индија наскоро ќе прерасне во втор најголем производител на вакцини против коронавирусот во светот. Се очекува САД во следниот период да произведат четири милијарди вакцини, а Индија 3,5 милијарди.

Во оваа голема азиска економија се произведуваат вакцини за странски компании, како што се AstraZeneca, Johnson&Johnson, но и оние кои се дело на индиски експерти.

Фото: Pexels