Индија увезе рекордна количина руска нафта во јуни

86

Увозот на нафта во Индија од Русија се зголеми во јуни на рекордни 950.000 барели дневно, што одговара на речиси една петтина од вкупниот увоз на третиот најголем потрошувач на нафта во светот, покажаа податоците од трговските извори. Индиските рафинерии се „разграбија“ по руска нафта, која се продава по значително пониска цена од онаа од Северното Море и Блискиот Исток, бидејќи некои западни компании и земји не сакаа да купат од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, пренесува Индекс хр.

Увозот на нафта од Русија е зголемен за 15,5 отсто во однос на мај, додека увозот од Ирак и Саудиска Арабија е намален за 10,5, односно 13,5 отсто. Така, уделот на производителите од Блискиот Исток на индискиот пазар падна од 59,3 на 56,6 отсто. Русија е сè уште, по Ирак, вториот најголем снабдувач на нафта во Индија. Саудиска Арабија го зазеде третото место, втор месец по ред.