Индиска Relience Industries ја надмина ExxonMobil и стана втора енергетска компанија во светот

37

Индиската Relience Industries ја надмина американската ExxonMobil и стана втора енергетска компанија во светот според пазарна капитализација. На прво место е саудискатa Saudi Aramco.

Kaко што соопшти Bloomberg при затворање на берзата во Мумбај во петокот, цената на акциите на компанијата контролирана од Мукeш Амбани, најбогатиот човек во Азија, се зголемила за 4,3%. Така, пазарната капитализација на компанијата достигнала 189 милијарди долари, додека пазарната капитализација на Exxon во тој момент била 183,63 милијарди долари. 

Пазарната капитализација на Saudi Aramco пак е недостижна – компанијата вреди 1,75 билиони долари. 

Од Bloomberg велат дека растежот на акциите на Reliance не се толку поврзани со активностите на компанијата со нафта и гас, колку со операциите на компанијата на пазарите со дигитални услуги, технологии и малопродажбата. 

На пример, дигиталната филијала на Reliance – Jio Platforms Ltd, привлече инвестиции во вредност од 20 милијарди долари, што е дел од своевидниот тренд според кој светските информациско – технолошки гиганти својата иднина повеќе ја гледаат во Индија отколку во Кина.

Фото: Facebook