Индиската економија годинава би можела да расте побрзо од кинеската

24

Индија оваа година би можела да ја престигне Кина во економскиот раст и така да стане најбрзорастечка економија во светот, според податоците на консултантската компанија, Global Data.

Оваа компанија очекува растот на индиската економија во 2020 година да биде толку остар што нејзиниот бруто домашен производ до крајот на годината ќе забележи пораст од дури 9,7%. Кинескиот раст во истиот период би требало да изнесува 8,6%.

Проекциите се базираат на податоци за најважните поттикнувачи на индиската економија, од кои клучни се директните инвестиции што стигнаа во земјата во изминатите неколку месец. Освен нив, кон растот на индиската економија би требало да придонесе и државниот пакет финансиска поддршка вреден 266 милијарди долари.

Дополнителен поттик на индиската економија ќе биде почетокот на сезоната на фестивали во текот на којшто значајно расте побарувачката во земјата. Сезоната на фестивалите почнува на лето, кога рапидно расте потрошувачката на електроника, украси, осветлување и слатки работи. Во текот на сезоната на фестивали и најмалите продавници го удвојуваат својот промет, па дури и златарите бидејќи во тие месеци се случуваат најмногу просидби.

Фото: Freepik