Индивидуалните сопственици лани граделе 2. 020 објекти

19
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13 763 912 илјади денари.
Во текот на 2023 година се градени вкупно 2 020 објекти и завршен е вкупно 2 331 стан со вкупна површина од 299 224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 196 м2.
Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 м2.
По региони, најмногу се градеше во Полошкиот Регион, потоа во Скопскиот, Југозападниот итн.