Индустрии во кои ќе најдете работа уште „утре“

178

Додека компаниите се борат да преживеат и да ја надминат кризата предизвикана од пандемијата, работниците избираат  и сè помалку се подготвени да се согласат со условите што ги имале пред 2020 година.

За време на карантинот, многумина сфатија дека можат да направат некои други, за нив подобро и повисоко платени работи, па се откажаа од пониски позиции во областа на логистиката, транспортот, угостителството и хотелиерството итн. Ранливиот пазар дополнително беше нарушен од омикронот, како и од енергетската криза. Се очекува натамошен раст на цените на превозните услуги, а инфлаторните притисоци се одразуваат и во други сфери.

Овие занимања се најбарани, а доколку моментално немате работа и постојан приход, размислете за овие индустрии.

Готвачи

Побарувачката за овие професионалци ќе продолжи да расте, особено додека капацитетите продолжуваат да се отвораат. Ова првенствено се однесува на светските хотели и ресторани.

Возачи

Тие се барани, низ цела Европа, а особено во Велика Британија. Всушност, проблемот настана во синџирите на снабдување, што доведе до застој. Како што е неопходно глобално да се доставува стока до продавниците, така се зголеми потребата од возачи да ја транспортираат. Сепак, малкумина се оние кои сега би седнале на камион, особено кога станува збор за меѓународни тури. Но, добрата вест за професионалните возачи е дека работниците за испорака на храна се исто така барани.

Негуватели

Релативно лесно може да се најде работа во оваа област. Исто така, интензивно се бараат медицински сестри и општи здравствени работници, а прогнозата е дека ќе има работа и за овие стручњаци во наредниот период

Производство

Активност која не може да пропадне, дури и кога економијата значително ќе забави. Сепак, новото истражување покажува дека во САД до 2030 година би можело да има дури 2,1 милиони непополнети работни места во оваа област. Тој трошок може да ја чини економијата околу трилион долари, само во таа година.