Индустријата губи работна сила: Помалку вработени во речиси сите сектори во февруари

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на работниците во индустријата е намален за 3.4 % во февруари 2026 во однос на февруари 2025 година

Бројот на работниците во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за  3.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари  2026 година, во однос на февруари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.4 %, Капитални производи за 4.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %.

Македонската индустрија со 3,5% помалку работници во првите два месеци од 2026 година

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2026 во однос на периодот  јануари – февруари 2025 се намалил за 3.5 %.

Бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 година, во однос на февруари 
2025 година, се намалил за: 

  • 6.3 % во рударството и вадењето камен
  • 3.4 % во преработувачката индустрија
  • 0.4 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација