Индустријата со 30,9% е најголем финален потрошувач на енергија во 2013 година, покажуваат финалните податоци на Државниот завод за статистика.
По индустријата, сообраќајот со 29% е втор најголем финален потрошувач, а потоа следат домаќинствата со 24,5% од вкупната расположлива финална потрошувачка.
Вкупното бруто – примарното производство на енергија во Република Македонија изнесува 1.357.343 toe или 50,1% од вкупно потребната енергија. Вкупната потребна енергија за 2013 година изнесува 2.710.936 toe.