Индустријата создаде 19,5 милиони тони отпад во 2014 година

21

Секторот индустрија, во текот на 2014 година, создаде 99% од вкупното количество отпад според секторите на економска активност, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупното количество на создаден отпад, според секторите на економска активност во Република Македонија, во 2014 година изнесува 19.634.301,69 тони. Најголемо количество отпад (19.513.266,87 тони или 99%) е создадено во секторот Индустрија (Преработувачка индустрија, Рударство и вадење на камен и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација).

Во секторот Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината се создадени 13.972,6 тони. Во останатите дејности се создадени 107.062,24 тони отпад.

Од вкупното количество на создаден отпад, 1,40% или 8.239,35 тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2014 година.

Вкупното количество на примен отпад, односно отпад кој деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2014 година, изнесува 282,93 тони.

Во текот на 2014 година се преработени 783.615,77 тони отпад. Вкупното количество на отстранет отпад изнесува 7.555.327,72 тони.