Индустријата во Германија расте три месеци по ред

46

Индустриското производство во Германија забележа пораст и во јули, што е трет месец по реди, но резултатите се релативно скромни во споредба со периодот пред воведување на карантинот поради пандемијата.

Според официјалните податоци, индустриското производство во јули е зголемена за 1,2% во однос на јуни. За мај податоците покажуваат пораст од 7,4%, а 9,3% во јуни, што покажува дека најголемата економија на Стариот континент закрепнува по падот во март и април.

Скромниот раст на индустриското производство, според експертите, е поради сезоната на годишни одмори.

Властите минатата недела изјавија дека економијата на Германија закрепнува подобро од очекуваното и сега предвидуваат пад на БДП од 5,8%, што е пооптимистичко сценарио од претходните 6,3% пад на БДП.

Фото: Freepik