Индустриските производи на домашен пазар повисоки за 0,6% во мај

35

Продажните цените на производителите на индустриските производ на домашниот пазар, во мај се повисоки за 0,6% на месечно ниво, додека на годишно ниво се пониски за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2014, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се повисоки во групата Капитални производи за 5,7%, групата Енергија за 1,2% и
групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%, додека во групите Трајни производи за широка
потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.

Во мај 2014, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7%.