Индустриските производи на странските пазари пониски за 2%

7

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 2% на месечно ниво, а за 5,3% на годишно ниво.
Во декември 2013, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,1%, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,4%. Во декември 2013, во споредба со декември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8%, а во секторот Преработувачка индустрија за 5%.