Индустриското производство порасна за 7,5% во октомври

31

Индустриското производство во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 7,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи опаѓање од 4,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 21,3%.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013
година, бележи пораст кај Енергија за 16,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2%, Капитални
производи за 49% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7%, додека опаѓање бележи кај
Трајни производи за широка потрошувачка за 19,6%.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2014 година, во однос на периодот
јануари – октомври 2013 година, бележи пораст од 5,1%.