Индустриското производство порасна за 9,7% во мај

48

Индустриското производство во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 9,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст од 13,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26,1%.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,4%, Капитални производи за 77% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10,8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 19,7%.

Индустриското производство во периодот јануари – мај 2014 година, во однос на периодот јануари – мај 2013 година, бележи пораст од 4,5%.