Индустриското производство во еврозоната продолжува да паѓа

25

Според првата прелиминарна проценка, индустриското производство во еврозоната во јуни е намалено за 3,9 отсто на годишно ниво и за 0,1 отсто во однос на мај, објави денеска Евростат.

Во Европската унија, индустриското производство во јуни падна за 3,2 отсто на годишно ниво, додека на месечно ниво не се промени.

На годишно ниво, производството на интермедијарни производи во Европската унија во јуни е намалено за 1,2 отсто на годишно ниво, како и производството на капитални производи за 7,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 2 отсто, додека производството на енергија, а нетрајните производи за широка потрошувачка бележат пораст од 2,6 отсто.

Највисок годишен раст на индустриското производство меѓу членките на Европската унија е забележан во Грција и изнесува 9,5 отсто, на Кипар 8,8 отсто и на Малта 6,3 отсто, додека најголем пад е забележан во Ирска 17,4 отсто, Хрватска 8,3 отсто и Латвија 5,5 проценти.

На месечно ниво, производството на интермедијарни производи во Европската унија е зголемено за 0,7 отсто во однос на мај, како и Производството на капитални производи за 0,9 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 отсто, енергија за 1,4 отсто, додека производството на Нетрајните производи за широка потрошувачка паднаа за два отсто, пренесува Танјуг.

Најголем месечен раст на производството е забележан во Романија од четири отсто, Финска за 3,6 отсто и Словачка од 2,1 отсто, додека најголем месечен пад е забележан во Ирска од 7,8 отсто, Белгија од 6,5 отсто, Хрватска и Португалија по 3,7 отсто.