Индустриското производство во мај повисоко за 6,1 отсто

20

Индустриското производство во мај годинава, во однос на мај лани, е зголемено за 6.1 отсто. Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со минатата година растот изнесува еден процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст од 8.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.0 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи
и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 2.7 %, Капитални производи за 7.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.7 %