Индустриското производство во септември поголемо за 8,6%

20

Индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 8,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 3,7%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 11,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,8%.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,5%, Капитални производи за 24,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,8%.

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2015 година, во однос на периодот јануари – септември 2014 година, бележи пораст од 2,5%.