Infiniti Q30 Concept – поблиску до идината

22

Infiniti го претстави изгледот на најновиот Q30 Concept кој ќе ја има својата светска премиера на Автомобилското шоу во Франкфурт Германија, што ќе се одржи од 10 до 22 септември.

Infiniti-Q30-Concept-600x400

Infiniti Q30 Concept го отсликува современиот дизајн на компактно инфинити возило чиј таргет ќе биде новата генерација премиум клиенти.

c95718a9-7359-4e54-b876-bbd2b0d0353chires

Самата форма на Infiniti Q30 Concept ја предизвикува категоризацијата на овој автомобил, кој е ниту купе, ниту седан ниту хечбек, туку една мешавина од сите три стилови.

Дизајниран е за помлади клиенти кои се во потрага по алтернативно решение за традиционалните премиум компакт возила и отворени за неконвенционален пристап.