Инфлацијата е тест за ценовната сила на глобалните брендови

46

Некои од најголемите светски брендови ја подигнуваат цената на одредени брендови, од пелени до вегански плескавици, како тест за нивната способност да ги пренесат поголемите трошоци за производство на домаќинствата, пренесува Financial Times.

Nestle, Procter & Gamble и Unilever се меѓу глобалните компании што планираат да ги зголемат цените на своите производи по порастот на цените на суровините и зголемени трошоци за превоз и пакување.

“Имаме едно од најголемите зголемувања на цените на производите во последните 10 години“, вели Грахам Питкитли, финансиски директор на Unilever.

Цените на суровините достигнаа рекордно ниво поради пандемијата, што се преслика на пазарот на труд и логистичките услуги.

Фото: Pexels